Достапни линкови

Шпанската морнарица апси сомалиски пирати


Шпанската морнарица зароби осуммина осомничени пирати во близина на сомалискиот брег, во рамките на европската антипиратска акција во таа област. Шпанското министерство за одбрана соопшти дека заробило различни бродови на кои било пронајдено оружје за кое се сомневаат дека било користено во пиратските акции.
Сомалиските пирати, со киднапирањето бродови и барањето откуп во последниве месеци направија штети од десетици милиони евра. Поради тоа, европските земји спроведуваат голема антипиратска акција под називот „Операција Атланта“.
XS
SM
MD
LG