Достапни линкови

logo-print

Комерцијална авиолинија Багдад-Лондон


Прв пат по 20 години, вчера полета првиот комерцијален авион на линија Багдад-Лондон. Директорот на ирачката служба за цивилна воздушна пловидба Аднан Блебил информира дека авионот лета за Лондон преку Шведска.
Меѓу првите 30 патници беа и ирачкиот министер за транспорт Амер Абдулџабар Исмаил и шефот на Ирак Ервејс Кифан Хасан.
Летот првично беше планиран за 16 април, но се одложи поради облакот од вулканска прашина што ја прекри Европа.
XS
SM
MD
LG