Достапни линкови

Унгарската опозиција победи со двотретинско мнозинство


Досегашната унгарска опозиција победи на парламентарните избори, освојувајќи двотретинско мнозинство во парламентот, по вториот круг на изборите. Идниот унгарски премиер Виктор Орбан вчера соопшти дека коалицијата на неговата Унгарска граѓанска алијанска Фидеш и Христијанско-демократската партија освоиле 68 отсто од пратеничките места. Со тоа, победничката коалиција освои 262 пратенички места во 386-члениот парламент.
Орбан вети дека ќе го олесни давањето државјанство за Унгарците во соседните земји.
XS
SM
MD
LG