Достапни линкови

Иран во дипломатска офанзива


Иранските власти се во дипломатска офанзива со цел да се избегнат санкции за Иран поради нуклеранта програма. Цел на дипломатската офанзива се непостојаните членки на Советот за безбедност на ОН.
Иранскиот министер за надворешни работи Манучер Мотаки ја посети Австрија, а премиерот Махмуд Ахмадинеџад е во Уганда. Австрија и Уганда се непостојани членки на Советот за безбедност.
Австриските власти велат дека Техеран треба да ја отстрани меѓународната загриженост за нуклеарната програма, ако сака да избегне нови санкции.
Мотаки се сретна и со претседателот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукиа Амано. За иранските медиуми, Мотаки изјавил дека разговорите ќе бидат „детални и одлучувачки“.
XS
SM
MD
LG