Достапни линкови

logo-print

Средба на верските лидери од Кавказот


Поглаварот на Ерменската апостолска црква Католикос Гарегин II, за прв пат ќе го посети Азербејџан за да учествува на самитот на светските верски лидери. Од кабинетот на Гарегин велат дека тој ќе патува во Баку на покана на шиитскиот азербејџански лидер Шеик ул-Ислам Алахшукур Пашазаде и на поглаварот на руската православна црква, патријархот Кирил.
Во соопштението од ерменската црква се наведува дека Гарегин, Кирил и Пашазаде, заедно со поглаварот на грузиската православна црква Католикос Илија II ќе одржат средба на маргините на самитот, на кој ќе присуствуваат повеќе од 150 верски лидери од целиот свет.
XS
SM
MD
LG