Достапни линкови

Чавез не се откжува од Кубанците


Венецуелскиот претседател Хуго Чавез го отфрли предупредувањето од пензионираниот генерал Антонио Риверо дека има зголемено кубанско присуство во венецуелските вооружени сили. Чавез не ги негираа ваквите наводи, но вели дека Кубанците само помагаат и оти има ограничен број нивни војници.
Опозицијата долго време го обвинува Чавез дека им дозволува на кубански советници и оперативци да држат клучни позиции во армијата и во државните институции. Овие обвинувања сега добиваат на тежина, имајќи го предвид угледот на Риверо во воените кругови.
XS
SM
MD
LG