Достапни линкови

Авганистанскиот претседател во посета на Индија


Индискиот премиер Манмохан Синг денеска во Њу Делхи треба да се сретне со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Двајцата лидери ќе разговараат за нивните билатерални односи, на кои се гледа како на клуч на регионалната безбедност. До средбата доаѓа два месеци откако во самоубиствен напад во Кабул загинаа 9 Индијци. Индиските власти за нападот ја обвинија пакистанската терористичка организација Лашкар е Таиба.
Индија е значително вклучена во обновата на Авганистан. По падот на Талибанците во 2001, Индија овозможи помош од повеќе од 1 милијарда долари за Авганистан.
XS
SM
MD
LG