Достапни линкови

Хајнц Фишер води на изборите во Австрија


Актуелниот претседател на Австрија Хајнц Фишер најверојатно ќе добие уште еден мандат како шеф на државата, судејки по прелиминарните резултати од претседателските избори во земјата. Според неофицијални резултати кои ги објави институтот „Арге“, Фишер освоил 78 проценти од гласовите. Шеснаесет проценти од гласачите, пак гласале за неговара противничка Барбара Росенкранц. Таа во јавноста предизвика контроверзии откако изјави дека законот за забрана на глорификување на нацистите во земјата не е во согласност со уставот.
XS
SM
MD
LG