Достапни линкови

Труени ученички во Авганистан


Осумдесетмината ученички од повеќе училишта од северниот дел на Авганистан биле намерно труени со гас, соопштија властите. Само денеска тринаесетмина девојчиња беа примени во болница. Тие се жалеле на главоболки, повраќање и тресење на рацете. Шефот на болницата во Кундуз рече дека по третманот, ученичките се чувствуваат добро. Во саботата 47 ученички и нивните наставнички беа примени во болница со слични симптоми. Минатата недела пак, дваесетмина девојчиња биле хоспитализирани со речиси идентични здравствени проблеми. Во изминативе три години биле пријавувани слични случаи на труење во различни делови на Авганистан.
XS
SM
MD
LG