Достапни линкови

logo-print

Ученички во Авганистан патат од непозната болест


Авганистанските власти соопштија дека осумдесетмина ученички патат од за сега непозната болест во северниот дел на земјата. Постојат сомнениа дека некој ги труе девојчињата со цел да ги обесхрабри да одат во училиште. Анализите од крвта на ученичките се испратени во Кабул на дополнително проучување. Портпаролот на авганистанскиот претседател рече дека спречувањето на девојчиња да одат на училиште е терористички акт.
XS
SM
MD
LG