Достапни линкови

Средба на Мотаки со Амано


Министерот за надворешни работи на Иран денеска во Виена се сретнал со шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија. Тема на разговор, како што јавуваат иранските медиуми, бил план за размена на енергенси подржан од Обединетите нации. Планот на Обединетите нации предвидува замена на иранскиот збогатен ураниум со други типови енергенси. Властите во исламската република претходно ја одбија оваа понуда на светската организација. Средбата меѓу министерот Манучер Мотаки и шефот на агенцијата на ОН Јукија Амано се случува во услови на зголемен притисок за нови санкции против Иран поради нуклеарната програма на официјален Техеран.
XS
SM
MD
LG