Достапни линкови

logo-print

ММФ и Светската банка подготвени да и помогнат на Грција


Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка се подготвени да и понудат помош на Грција, соопштија од двете организации, додавајки дека потребно е земјата да продолжи со антикризните мерки. Грчките власти се надеваат дека ќе добијат 40 милијарди американски долари помош од другите земји кои го имаат еврото како официјална валута и дополнителни 13,4 милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд. Еврокомесарот Оли Рен изјави дека пакетот помош за Грција може да се подготви до мај годинава, додавајки дека кризата во земјата може да има „потенцијални импликации врз економската стабилност на Европската унија и глобално“.
XS
SM
MD
LG