Достапни линкови

Тајландскиот премиер ќе го „расчисти“ Банкок


Тајландскиот премиер Абхисит Вејајива, во интервју за државната телевизија, рече дека ќе го расчисти Банкок од демонстрантите, кои веќе подолго време го изразуваат незадоволството во главниот град на земјата. Демонстрантите, облечени во црвени маици, бараат остака на премиерот и распишување вонредни избори поради тешката социо-економска состојба во земјата. Премиерот вчера се сретна со главните организатори на протестите и ги одби нивните барања. Во протестите до сега загинаа 26 лица а илјадници се повредени.
XS
SM
MD
LG