Достапни линкови

logo-print

Британија му се извини на Ватикан


При посетата на Британија Папата Бенедикт шеснаесетти треба да присуствува на свечено отворање на болнички оддел за абортус, да благослови хомосексуален брак и да промовира нов бренд перзервативи. Ова се деталите од писмото на британски државен службеник кои беа обелоденети во весникот „Сандеј Телеграф“ пред официјалната посета на Папата во Британија, закажана во септември годинава. Британските власти испратија официјално извинување за натписот денеска, а документот бил повлечен. Како што информираат од британската влада, државниот службеник кој го напишал писмото „бил прераспределен на други должности“.
XS
SM
MD
LG