Достапни линкови

logo-print

Еко - хепенинг во Градскиот парк


Денеска во Градскиот парк ќе се одржи еко - хепенинг „Собирај ПЕТ за подобар свет“ по повод одбележувањето на Денот на планетата Земја. Настанот е во организација на проектот на УСАИД за рециклирање пластика, Министерството за животна средина и просторно планирање и Градот Скопје. На присутните на манифестацијата ќе им се обратат министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, шефот на Канцеларијата на проектот на УСАИД за основно образование Кит Прентон и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
XS
SM
MD
LG