Достапни линкови

Папандреу: ММФ нема да бидат „избркани со камења“


Експертите од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд нема да бидат „избркани со камења“ од Грција, туку ќе си заминат кога земјата ќе воведе ред во економијата и ќе го поврати својот авторитет, изјави денеска грчкиот премиер Јоргос Папандреу. Тој го коментираше написот на еден од појавените плакати „Надвор ММФ“.Мисијата од експерти на Европската комисија, Европската централна банка и ММФ од средата почна серија разговори и проверки во Атина. Експертите го проучуваат применувањето на тригодишната програма на Владата за заздравување на државните финансии.
XS
SM
MD
LG