Достапни линкови

logo-print

Австрија потпиша за рускиот јужен тек


Австрија денеска потпиша договор за учество во изградбата на рускиот гасовод „јужен тек“, преку кој европските земји ќе добиваат руски природен гас. Договорот за соработка го потпишаа австрискиот министер за економија Реинолд Митерленер и рускиот министер за енергетика Сергеи Шматко. Првиот човек на руската државна компанија за гас „Газпром“ и шефот на австриската компанија за природен гас „ОМВ“ исто така потпишаа договор за соработка. Документите беа потпишани за време на официјалната посета на рускиот премиер Владимир Путин во Виена. Тој се сретна со австрискиот државен канцелар Вернер Фејман. По средбата рускиот премиер изјави дека австрија ќе добива дополнителни 2 милијарди кубни метри природен гас преку јужниот тек. Путин денеска би требало да се сретне со австрискиот претседател Хајнц Фишер, по што ќе присуствува и на европскиот џудо шампионат.
XS
SM
MD
LG