Достапни линкови

Комеморација на ерменските жртви во Турција


Активисти за човекови права во Турција денеска им оддадоа почит на жртвите ерменци од масакрот во земјата за време на отоманската империја од 1915 до 1917 година. Новинските агенции јавуваат дека стотина активисти присуствувале на настанот кој се одржа под паролата „никогаш повторно“. Полицијата во Истамбул спречила група лица кои се бунеле против комеморацијата. Во Јереван, пак, десетици илјади ерменци положија цвеќе пред споменикот изграден во чест на убиените.
XS
SM
MD
LG