Достапни линкови

logo-print

Груевски: „Метастаза“ ќе влезе во учебниците по криминологија


Акцијата „Метастаза“ е една од најуспешните акции и по извесен број години, заедно со „Бумеранг“, случајот со Бајруш Сејдиу, и акцијата „Змиско око“ ќе влезе во нашите учебници по криминологија, изјави денеска премиерот Никола Груевски при посетата на Зоолошката градина во Скопје. Оваа акција ќе биде сигнал и до јавноста дека сите кои се занимаваат со криминал ќе одговараат пред законот, изјави Груевски. Премиерот исто така го најави новиот Закон за aкадемија за судии и јавни обвинители, кој предвидива на Академијата да се запишуваат лица со повисок интегритет. Секој што ќе заврши Академија ќе може да се вработи во основните судови, но нема да може било кој да се вработува директно во Апелација или директно во Врховен суд, појасни премиерот
XS
SM
MD
LG