Достапни линкови

logo-print

Баросо: грчото барање е многу добар чекор


Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска во Лисабон изјави дека барањето за финансиска помош на Грција, која има рекордни долгови, е многу добар чекор за државата и за „стабилноста на еврозоната“. Тој посочи дека сега приоритет е подготовката на програма според која ќе се доставува помошта. Владата во Атина вчера одлучи да побара итна финаниска помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд во висина од 45 милијарди евра за излез од должничката криза. Претставници на ММФ и Светската банка денеска дискутираат за грчкото барање на состанок во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG