Достапни линкови

Ерменија - годишница од масовните убиства во Прва Светска Војна


Десетици илјади луѓе во Ереван денеска ја одбележуваат годишнината од масовните убиства врз ерменците за време на Првата Светска Војна од Отоманската империја. Претседателот Серж Саркисиан изјави дека меѓународно признавање на геноцидот врз ерменците е неизбежно. Група турските интелектуалци ги повика своите сограѓани да им се придружат на тивок протест во Истанбул за да им оддадат почит на ерменски жртви. Ако биде дозволене, јавниот собир ќе биде прв од ваков вид во Турција. Според Анкара, ерменците загинале во големи борби во Првата светска војна, а не како резултат на турска геноцидна политика.
XS
SM
MD
LG