Достапни линкови

Во Франција казнета муслиманка поради фереџе додека возела


Француска муслиманка е казнета за носење фереџе додека возела автомобил. Полицијата во Нант, соопшти дека фереџето преку кое се гледале само нејзините очи ја ограничивало нејзината видливост што можело да предизвика сообраќајна несреќа. Адвокатот на муслиманката најави дека ќе поднесе жалба против одлуката, која, според него, е кршење на човековите права. Последните месеци во Франција интензивно се води дебата во околу тоа дали фереџињата треба да бидат забранети.
XS
SM
MD
LG