Достапни линкови

Реакции во Украина за договорот за останување на руската база до 2042-ра


Регионите во западниот дел на Украина повикаа на смена на претседателот Виктор Јанукович поради неговиот договор со Москва за останување на руската поморска база во земјата до 2042 година. Парламентот на регионот Лвив усвои декларација во која се вели дека Јанукович не води сметка за интересите на државата. Слична декларација усвои и парламентот на регионот Тернопил. Опозицијата во Украина за утре закажа протест во Киев поради договорот што го склучил Јанукович со Русија во средата. Станува збор за руската база во Крим, Црно Море.
XS
SM
MD
LG