Достапни линкови

Авганистанците ќе почнат да ја превземаат одговорноста за безбедноста


На министерскиот состанок на НАТО во Талин се договорени условите за почеток на предавањето на одговорноста за безбедноста во Авганистан на авганистанците и покрај безбедносните ризици. Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен изјави дека не постојат илузии дека ќе биде лесно и брзо, но оти, според ситуацијата на теренот, тоа е реално. Се надевам дека процесот на примопредавање на одговорноста од НАТО на авганистанците, ќе почне во оваа година, изјави Расмусен.
XS
SM
MD
LG