Достапни линкови

Средба Милошоски, Клинтон во Талин


Министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски на маргините на состанокот на НАТО и земјите кои не се членки на Алијансата, но учествуваат во мисијата во Авганистан, денеска во Талин имал кратка средба со американскиот државен секретар Хилари Клинтон. По средбата Милошоски, како што јавува агенцијата МИА, изјавил дека ја информирал Клинтон за најновите настани и одредени иницијативи на Македонија за создавање на подобра клима за надминување на спор со Грција околу името. Тој додал дека ставовите на Клинтон ги потврдиле очекувањата на Македонија дека приоритет на САД во однос на регионот е што поскорашно зачленување, не само на Македонија, туку и на другите земји во НАТО.
XS
SM
MD
LG