Достапни линкови

Грчките позиции да не се претставуваат како компромис


Македонското министерство за надворешни работи ги оценува како лицемерни изјавите на Александрос Маљас и Евангелос Кофос грчките ставови за името да ги претставуват како компромис. ,,Ова е само продолжување на политиката на едностран пристап во еден билатерален проблем кој треба да се реши со еднаков придонес од двете страни,, стои во реакцијата од македонското Министерство за надворешни работи. Маљас, кој беше грчки амбасадор во Македонија, вчера во Скопје рече дека можно решение на спорот за името е замена на „ПЈРМ“ со „Република Северна Македонија“, негова употреба на сите меѓународни нивоа, со препорака од ОН сите држави да го користат во билатерална комуникација, а именувањето на јазикот и народот да биде македонски на латиница.
XS
SM
MD
LG