Достапни линкови

Грција побара да се активира механизмот за помош на ЕУ и ММФ


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска побара да се активира пакетот помош на Европската унија и на Меѓународниот монетарен фонд, чија цел е членката на еврозоната да ја извади од должничката криза. ,,Се наметна потребата да побараме активирање на механизмот, рече Папандреу од островот Кастелоризо, во Егејско море. Грција преговара со претставниците на еврозоната и ММФ за доделување помош од 45 милијарди евра, кои Атина ќе ги добие откако ќе се активира механизмот за помош.
XS
SM
MD
LG