Достапни линкови

logo-print

Грција го активира пакетот за спас од должничката криза


Грчкиот премиер Јоргос Папандреу денеска во Атина ќе објави дека се активира пакетот од Европската Унија и од Меѓународниот Монетарен Фонд за излез на Грција од финансиската криза. Станува збор за три-годишен стенд бај пакет, од кој за првата година се предвидени околу 45 милијарди евра. Есперти од Европската Унија, ММФ и Европската Централна Банка се во Атина на разговори за деталите од пакетот. Аналитичарите оценуваат дека Грција немаше друг избор за намирување на долговите, и предупредуваат дека постои ризик од должничка криза и во други земји од евро-зоната, како на пример Португалија. Еврото денеска падна на најниско ниво во однос на доларот во последниве 12 месеци.
XS
SM
MD
LG