Достапни линкови

Решение на спорот за името до јуни?


Тактизирање околу датумот за новата средба или дискретни преговори? Медијаторот Метју Нимиц

Тактизирање околу датумот за новата средба или дискретни преговори? Медијаторот Метју Нимиц

Се уште не е конкретизиран датумот на средбите со преговарачите од македонска и од грчка страна, кои што пред неколку недели беа најавени од канцеларијата на медијаторот Нимиц за крајот на овој месец. Според експертите, долгото одложување на средбите потекнува од зголемената внимателност на медијаторот и можеби тактизирање.

Политичкиот аналитичар Хисен Рамадани вели дека долгото одложување на средбите потекнува од зголемената внимателност на медијаторот поучен од досегашните искуства и можеби тактизирање, поврзано меѓу другото и со испитување на можностите колку на исходот можат да влијаат ЕУ и САД.
Не одлага толку колку што тактизира или низ тактизирањето сака подобро да ги процени состојбите и колкав степен на вистинска одлучност постои кај доминантните фактори кои можат
исто така да влијаат за ова прашање.

„Не одлага толку колку што тактизира или низ тактизирањето сака подобро да ги процени состојбите и колкав степен на вистинска одлучност постои кај доминантните фактори кои можат исто така да влијаат за ова прашање.“

Од посетата на министерот за надворешни работи на земјата претседавач со Унијата-Шпанија, Моратинос стана јасно дека ЕУ се уште смета на зададените рокови од извештајот на Советот на министрите во декември, во кој се вели дека прашањето на одредување датум за преговори за Македонија ќе биде отворено уште еднаш во текот на шпанското претседателство до кога се очекува и решение на спорот за името. Во таа смисла, од наредните средби се очекува поголема целисходност. Шефот на македонската дипломатија, Милошоски, од своја страна, најде оправдувања за ваквиот оптимизам и се заложи, за како што рече, директни и дискретни средби за да се дојде до решение до јуни.

„Пробни балони“ од Грција

Во меѓувреме, Грција зачестено испраќа пробни балони интензивно истапувајќи со предлози кои се прифатливи за грчката страна. Во тој контекст ги добивме и вчерашните предлози на пропатување изнесени од не така случајни имиња на грчката дипломатија, меѓу кои и поранешниот грчки амбасадор во земјава Александрос Маљас.

Кон тоа и препорака од вчерашните гости од Грција дека медиумите треба да почнат да работат на тоа дека решение може да се најде врз база на предложеното име Република Северна Македонија. Претходно, своите изјави во врска со ова ги зачести и алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас.
Последната средба на 26 Март во Брисел меѓу премиерите Груевски и Папандреу

Ова е само повторување на веќе познатите и непроменети позиции на грчката страна, реагираа од МНР. Министерот Милошоски во последните изјави рече дека сега е потребно на разговорите да им се даде суштински тон, наместо да се даваат изјави за јавна или меѓународна употреба. Што точно се подразбира под ваквата најава на Милошоски веројатно ќе покажат идните настапи од македонска страна. Како и тоа дали има конкретна суштина, синтагмата компромис, кој што е еднакво прифатлив или еднакво неприфатлив за двете страни. До јунскиот рок остануваат уште помалку од два месеца.
XS
SM
MD
LG