Достапни линкови

Нормализацијата на односите меѓу Ерменија и Турција, ќе почека


Ерменија ја одложи ратификацијата на договорот за нормализирање на односите со Турција. Ерменскиот претседател Серж Саркасијан изјави дека Ерменија не се откажува од процесот на нормализација, но нема да го ратификува договорот се додека Турција не направи чекор напред. Ваквата ерменска реакција уследи откако турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека до целосна норамизација на односите со Ерменија ќе дојде доколку Ереван склучи договор со Азербејџан за спорниот регион Нагорно Карабах.
XS
SM
MD
LG