Достапни линкови

Милошоски на состанок на земјите учеснички во ИСАФ


Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски денеска ќе учествува на неформалниот министерски состанок на земјите учеснички во ИСАФ мисијата на НАТО во Авганистан, што се одржува во главниот град на Естонија, Талин. Предвидено е министерот Милошоски на Состанокот да има излагање со кое ќе информира за досегашното учество на Република Македонија во ИСАФ, како и со планираните активности за 2010 година во насока на зголемена компатибилност со стандардите на Алијансата.
XS
SM
MD
LG