Достапни линкови

logo-print

Романските полицајци ја завршија мисијата на Косово


Романските власти го известија Еулекс дека мисијата на романската полиција на Косово е завршена. Целта е да се овозможи продолжување на истрагата за инцидентот што се случи во вторникот, кога македонските цариници на граничниот премин Блаце кон Косово во автобусот со романски регистарски таблички открија поголема количина цигари и алкохол. Против романските полицајци е покрената истрага, додека пак Еулекс извести дека не станува збор за автобус на мисијата, туку за туристички автобус.
XS
SM
MD
LG