Достапни линкови

Ерменија потврди дека нема да го ратификува октомврискиот договор


Претседателот на Ерменија денеска потврди дека неговата администрација ја одложила ратификацијата на договорот за воспоставување на дипломатски односи со турција кој беше потпишан во октомври минатата година. „Ќе размислиме за продолжување понатаму кога ќе бидеме убедени дека има соодветна атмосфера во Турција и дека има лидерски иницијативи во Анкара за нормализација на процесот“ се наведува во соопштение објавено на интернет страницата на шефот на ерменската држава. Двете земји ги заладија односите поради убиствата на ерменци во Турција за време на Првата светска војна. Ерменските власти тврдат дека во отоманската ера бил извршен геноцид. Турската влада го одбива тоа тврдење.
XS
SM
MD
LG