Достапни линкови

Двајца осудени за геноцид во Босна


Босанскиот суд за воени злосторства денеска осуди двајца поранешни полицајци на 31 година затвор. Двајцата се обвинети за помагање во геноцидот во Сребреница во 1995 година каде беа убиени околу 8.000 мажи и момчиња од муслиманска вероисповед. Радомир Вуковиќ и Зоран Томиќ биле членови на специјална полициска единица која уапсила и убила 1.000 муслимани кои се обидувале да избегаат од Сребреница. Силите на босанските срби, по наредба на Генералот Ратко Младиќ пред петнаесет години во овој град го извршија најголемиот геноцид на балканските простори во поновата историја.
XS
SM
MD
LG