Достапни линкови

logo-print

Дали една Стратегија е добра или лоша, зависи од тоа дали и во која мерка ќе ги спроведеме работите што таа ги предвидува, велат експертите по енергетика, откако пред неколку дена Владата ја усвои Стратегијата за развој на енергетиката до 2030 година. Во неа се предвидува 4 до 5 милијарди евра за изградба на нови енергетски капацитети.

Стратегијата за развој на енергетиката до 2030 година, која пред некој ден ја усвои владата е само документ кој нуди можност и решение, а прашање е дали имаме можности мерките да се спроведат, сметаат експертите. Владата планира да инвестира од 4 до 5 милијарди евра за изградба на нови енергетски капацитети. Цели на стратегијата се подобрување на енергетската ефикасност, релативизација и
Сметам дека горе-доле со утврдената динамика ќе се реализира, дури за некои проекти сум оптимист дека ќе се случат и порано од предвиденоto, но за некои оможе да се каже дека ќе има барем по година-две доцнење.
модернизација, користење на домашните ресурси, природниот гас и обновливи извори, како и воспоставување на пазарна цена на струјата и интегрирање на енергетскиот сектор на регионалниот и европски пазар. Според основното сценарио, до 2015 година струјата треба да ја достигне пазарната цена и растот на енергијата до 2020 да биде 2,6 отсто, а според второто потребите од енергија да растат со просечна годишна стапка од 2,2 отсто. Целта е пазарот за пет години да биде либерализиран, вели министерот за економија Фатмир Бесими.

„Во иднина, пазарните услови ќе утврдуваат цени кои што ќе бидат поволни за да овозможат инвестици во секторот што е клучно за нас и за економскиот развој и за животниот стандард, да имаме добра инфраструктура во областа на енергетиката која ќе се обезбеди со дополнителни инвестии во овој сектор.“

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски очекува дека спроведувањето на стратегијата ќе оди според планот.

„Сметам дека реализацијата горе-доле со утврдената динамика ќе се реализира, дури за некои проекти сум оптимист дека ќе се случат и порано од она што е предвидено, но за некои од сега може да се каже дека ќе има барем по година-две доцнење, а може и повеќе.“
Тој документ дали е добар или лош, зависи од нас дали ќе го спроведеме и во која мерка.

Стратегијата има можности, но прашање е како ќе се искористат, вели професорот Константин Димитров од Македонскиот центар за енергетска ефикасност.

„Стратегијата е документ, јас го кажувам со големи букви - Документ, кој што дава насоки и кој што кажува, ако ова го направиш, тоа ќе се случи, ако не го направиш тоа со толку пари ќе те снајде тоа и тоа. Тој документ дали е добар или лош, зависи од нас дали ќе го спроведеме и во која мерка.“

Во план е и изградба на нуклеарна централа. Но, според Министерството за економија, пред да се реализира проектот треба да се преиспитаат меѓународните стандарди и да се направи енергетска, економска и финансиска анализа.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG