Достапни линкови

Скромните услови за работа причина за неуспехот на домашниот фудбал


Фудбалери

Фудбалери

Македонскиот поранешен фудбалски репрезентативец Бобан Бабунски предлага проширување на Првата лига со што би им се овозможило на младите фудбалски таленти би имале можност за настап во сениорска конкуренција. Причините за недоволните резултати на македонскиот фудбал, стручњаците ги наоѓаат во немање услови за работа.

Македонците се талентирани за фудбал и имаат предиспозиции за постигнување врвни резултати во најважната споредна работа на светот. За тоа има многу примери во минатото, но и денес кога во помладите категории, сме речиси рамноправни со многу пореномираните репрезентации. Сепак, нашите играчи подоцна, односно по 17-тата година заостануваат во развојот, за што има повеќе причини, а најзначајни се скромните услови за работа, немањето финансии и слабата лига. Еден од нашите репрезентативци уште во поранешна Југославија, а сега селектор на македонскиот национален тим до 21 година, Бобан Бабунски вели:
Првата лига ако сега брои 10, треба да се прошири на уште пет или шест екипи што ќе овозможи младите деца да играат уште на 16-17 годишна возраст, значи идеата е на таква проширена лига во која што би имало само плеј офф, во која што екипите ќе се борат само за влегување во Европа.

„После 16 години децата ја губат онаа илузија која што ја имаат во оние први две фази на почнување на нивниот развој, поради катастрофалната лига кај нас и можноста да го завршат оној комплетен циклус или фаза која ја имавме сите во Македонија во времето на поранешна Југославија кога сите имавме илузии да играме во Вардар или во некој прволигашки југословенски екипи кои овозможуваа играње во репрезентација.“

Зборовите на Бабунски се потврдуваат и со напредокот на сите наши фудбалери кои на млади години заминаа во странство. Најдобар пример за тоа е Горан Пандев, кој со 18 години замина во Италија, каде што преку работата во квалитетни средини, стекна професионални навики и дисциплина, со што го докомплетира својот развој, па сега е стандарден во Интер. Затоа, за играчите, а со тоа и за мак фудбалот, најдобро е тие уште како тинејџери да започнат интернационална кариера. Но, имајќи предвид дека тоа не може да е случај со многумина, потребни се промени и на домашната сцена, каде што најзначајно е талентите да добијат можност за континуирани настапи во сениорска конкуренција. Затоа, Бабунски предлага проширување на Првата лига, од која ниту еден клуб не би се преселил во понизок ранг на натпреварување.

„Првата лига ако сега брои 10, треба да се прошири на уште пет или шест екипи што ќе овозможи младите деца да играат уште на 16-17 годишна возраст, значи идеата е на таква проширена лига во која што би имало само плеј офф, во која што екипите ќе се борат само за влегување во Европа и на тој начин ќе има можност младите деца кои што навистина ги има многу да го фатат тој приклучок со првата екипа.“

Бабунски е уверен дека на овој начин ќе се спречи исчезнувањето на многу таленти, а со тоа и стагнирањето на македонскиот фудбал.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG