Достапни линкови

logo-print

ЕК: Грција нема потреба од нов пакет мерки за финансиска дисциплина


Грција нема потреба од нов пакет мерки за финансиска дисциплина годинава, и покрај тоа што дефицитот на земјата е повисок од очекуваното, соопшти Европската комисија. Во соопштението се додава дека дополнително намалување на трошоците може да биде потребно во 2011 или 2012 година. Грција воведе строга програма за затегнување на ремените под контрола на Унијата. Предвидено е намалување на дефицитот на земјата за четири проценти во 2010 година.
XS
SM
MD
LG