Достапни линкови

Водата за пиење во селата Копанце, Раотинце и Јанчиште не е за употреба


Центарот за управување со кризи денеска потврди дека водата во селата во тетовскиот регион, каде настанаа поплави по излевањето на реката Вардар, не е за пиење. „Од добиените анализи во Центарот за јавно здравје во Тетово констатирано е дека водата за пиење во селата Копанце, Раотинце и Јанчиште не е за употреба“ изјави портпаролот на Центарот Мишко Талевски. Додека жителите на поплавените села во Јегуновце тврдат дека поплавите се предизвикани од наглото испуштање на вода од мавровското езеро, од државната Електрани на Македонија тврдат дека поројните дождови ги предизвикале штетите.
XS
SM
MD
LG