Достапни линкови

Уплата за Лото од утре попладне


Македонските граѓани од утре попладне повторно ќе имаат можност да учествуваат во игри на среќа, во организација на новоформираната Државна лотарија на Македонија. Ќе се вршат уплати за комбинации на играта на среќа „Ново лото 7/34“, за која премијата е 100.000 евра, а се нуди и инстант лотарија преку лозовите „Среќни тркала“ и „Ѕвезден пат“, објави денеска на прес-конференција директорот на Државната лотарија на Македонија Јован Сиљноски. Првото извлекување на лото ќе се емитува на трети следниот месец во 20 часот на ТВ „Сител“.
XS
SM
MD
LG