Достапни линкови

Ерменија - повик за суспензија на договорот со Турција


Владејачката коалиција во Ерменија повика на суспензија на договорот за нормализирање на односите со Турција што беше пресвртница во подобрувањето на односите меѓу двете земји. Ерменија и Турција потпишаа договор за воспоставање дипломатски врски и отворање на границите по децениите на непријателство.
Ратификација на спогодбата беше стопирана во парламентите на двете земји поради спорното прашање од Првата светска војна за масакрите врз Ерменците во Отоманската Турција. Ерменија тврди дека убиствата се геноцид, тврдење кое Турција го отфрла. Друг проблем е поддршка на Турција за Азербејџан во спорот со Ерменија над отцепениот регион Нагорно-Карабах.
XS
SM
MD
LG