Достапни линкови

Сенатот на САД усвои резолуција за Србија


Американскиот Сенат усвои резолуција во која и честита на Србија на поднесувањето апликација за членството во Европската унија и го повикува Европскиот совет да заземе јасна позиција според квалификациите на Србија како земја-кандидат. Сенатот потсетува дека САД на ЕУ гледаат како на извор на стабилност, безбедност и просперитет за цела Европа и светот, и поради тоа го охрабруваат Брисел да остане активно ангажиран со сите земји од Западен Балкан за остварување на европските интеграции. Сенатот, исто така, ја повикува Владата на Србија да ги зајакне напорите за фаќање на преостанатите хашки обвиненици Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ.
XS
SM
MD
LG