Достапни линкови

Иран започна три дневни воени вежби во Заливот


Иранската револуционерна гарда започна големи воени вежби во Заливот и теснецот Ормуз. Според иранските државни медиуми, станува збор за копнени, воздушни и поморски три дневни вежби чија цел била безбедноста во регионот. За време на вежбата ќе биле тесирани нови видови оружја. Иран, кој е во спор за неговата контроверзна нуклеарна програма, се закануваше дека во случај на напад од Запад, ќе го затвори теснецот Ормуз.
XS
SM
MD
LG