Достапни линкови

Обама кај финансиските барони


Wall Street 1929
Wall Street 1929

Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе одржи говор во Менхетен – Њујорк, од каде ја започнува кампањата за новата финансиска регулатива. Обама се соочува со силна опозиција за регулаторните реформи додека повеќето американци го подржуваат за зауздувањето на Вол Стрит од каде почна глобалната финансиска криза.

Претседател Барак Обама денеска ја започнува кампањата против неодговорноста на Вол Стрит во Њујорк во епицентарот на американските финансии, со цел брзо донесување на регулаторните реформи за кои велат дека се најголеми од Големата депресија во 30-тите години на 20 век.
Обама, во центарот на Менхетен, во срцето на финанските барони, како што јавуваат агенциите, ќе им одржи говор на Американците кои се уште се борат во тешка економска клима, за потребата на реформите. Портпаролот на Белата Куќа Роберт Гибс изјави:

„Финансиските реформи се нешто што е изродено од економскиот колапс кој започна на Вол Стрит и се рашири низ цела Америка и тоа многу брзо. Затоа Претседателот ќе ги потсети Американците и Сенатот за тоа во која фаза сме додека се движиме напред и се надеваме дека брзо ќе мине во Сенатот и ке се најде на неговата маса.“

Политичка битка за регулаторните реформи
Финансиските реформи се изродија од економскиот колапс кој започна на Вол Стрит и се рашири низ цела Америка.


Обама ветува најголеми регулаторните реформи од Големата депресија во 30-тите годни на 20 век, и ја почнува политичката битка на демократите во Конгресот за надминување на републиканската опозиција и за донесување на новиот закон.
Опозиционите републиканци досега се обединети во противењето на нацрт-законот, кој според нив наметнува построги прописи за банките и финансиите институции.
Според нив, реформите на Обама се дозвола „големата“ рака на Владата подлабоко да влезе во системот на слободната иницијатива. Демократите, пак, не сакаат да се повтори финансиската криза од која сега се излегува.

„Претседателот силно верува дека нашиот финансиски систем е дел од поголем систем. Ние мораме да имаме правила за да не се соочиме со ризик на серија лоши одлуки како што беше во минатото“, изјави портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс.


Анкетите покажуваат дека Американците, ги поддржи напорите за зауздување на Вол Стрит, на кој се гледа како на иницјатор на кризата и корисник на големи профити додека другите страдаат.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG