Достапни линкови

Можно отварање на досиејата за масакарот во Катин


Врховниот суд во Русија донел одлука со која се отвара патот кој води кон отварање на досиејата со податоци за масакарот на полски офицери од страна на руската тајна служба во 1940- та, соопштувааат од една група за човекови права. За групата за човекови права ова преставува победа. Околу 22.000 полски офицери биле егзекутирани од страна на тајната полиција во Катинската шума, во западниот дел на Русија во 1940 година. Врховниот суд донел одлука , процесот да се врати во локалниот московски суд. Во 2004 година, руските воени обвинители ја затворија истрага за убиствата, одбивајќи да го признаат масакрот како воен криминал .
XS
SM
MD
LG