Достапни линкови

Грузија:Русија виновна за нестабилност во регионот


Претседателот на Грузија потврдил дека неговата земја запленила пратка на високо збогатен ураниум. Михаил Саакашвили во интервју за Асошиејтед Прес, ја обвинил Русија за создавање на нестабилност која им овозможува на шверцерите да работат во регионот. Саакашвили изјавил дека шверцот е пример за небезбедната црна дупка во областа. Неговата влада не ги контролира двата отцепени делови од
Грузија. Абхазија и Јужна Осетија прогласија независност од Грузија по војната меѓу Русија-Грузија, во 2008-та.
XS
SM
MD
LG