Достапни линкови

Забранета сиентолошка литература во Русија


Руските власти денеска забранија десетици текстови и снимки на основачот на сиентологијата Рон Хубард. Од руското обвинителство соопштија дека „текстовите се сметаат за екстремистички“. Станува збор за забрана која важи за 28 книги и аудио-видео дискови од предавања на Хубард, кој ја основаше сиентологијата во 1954 година. Сиентолошката црква во која, меѓу другите, членуваат и Џон Траволта и Том Круз, проповеда дека светот треба да се прочисти од војна и криминал.
XS
SM
MD
LG