Достапни линкови

Четириесетмина повредени во Сараево


Четириесетмина се повредени во денешните протести на здруженијата на борците во Босна и Херцеговина, јавија новинските агенции, повикувајки се на болнички извори. Меѓу повредените има и полицајци а едно лице е во тешка здравствена состојба. Протестите во Сараево се во знак на незадоволство од најавите за кратење на пензиите на борците за десетина проценти. Протестите станаа насилни откако премиерот Мустафа Мујезиновиќ не го исполнил барањето на демонстрантите да им се обрати во 13 часот по што насобраниот народ тргнал кон зградата на Владата на Босна и Херцеговина. Полицијата била принудена да употреби водени топови и солзавец за да ги спречи демонстрантите кои го запалиле приземјето на владината зграда и ги искршиле прозорците. Ситуацијата за сега е мирна. Инаку, борците во Босна и Херцеговина добиваат надоместоци во форма на пензии од 150 до 500 евра месечно.
XS
SM
MD
LG