Достапни линкови

Украина ќе добива поефтин руски гас


Русија се согласила за една третина да ја намали цената на извозниот природен гас за Украина, рече денеска рускиот претседател Димитриј Медведев. За сметка на тоа, Украина и го продолжила престојот на руската флота во Црното море до 2017 година. Медведев ја даде изјавата по средбата со украинскиот претседател Виктор Јанукович во Каркив денеска. Попустот на рускиот гас најверојатно ќе биде одбиен од киријата која руските власти ја плаќаат за базата на руската флота во украинскиот град Севастопол. Претходно, украинскиот вицепремиер рече дека барањето за пониска цена на рускиот гас е потребно за реализација на проекциите на украинскиот државен буџет за 2010 година. Со тоа, земјата би требало да ги исполни условите за нов аранжман со Меѓународниот монетарен фонд.
XS
SM
MD
LG