Достапни линкови

Украина бара 90 долари попуст на рускиот гас


Украина ќе бара намалување на цената на увозниот руски природен гас од 330 на 240 американски долари за еден илјадити кубен метар, рече денеска заменикот премиер на Украина Сергеи Тигипко. Претседателот на Украина Виктор Јанукович е на средба со неговиот руски колега Димитриј Медведев, од кого бара попуст на рускиот гас, се` со цел Украина да ги оствари проекциите за овогодинешниот Буџет. Со тоа, земјата би требало да почне нов аранжман со Меѓународниот монетарен фонд.
XS
SM
MD
LG