Достапни линкови

Ирански воени вежби во Персискиот залив


Иранската револуционерна гарда во четврток ќе почне со тридневна воена вежба во Персискиот залив. Генералот Хосеин Салами денеска за иранската државна телевизија потврди дека морепловната, воздухопловната и копнената единица на гардата ќе бидат вклучени во вежбите кои се организираат со цел „одржување на безбедноста во Персискиот залив“. Во вежбата предвидена е и употреба на ракети од иранска изработка. Инаку, речиси 40 проценти од нафтата произведена во светот се превезува преку овој залив.
XS
SM
MD
LG